Група крадци утринава влегле во музејот Лувр во Париз и украле накит од непроценлива вредност. Според француските власти се работи за „професионално подготвена кражба“ која траела речиси четири минути.
Министерството за внатрешни работи изјави дека тројца или четворица крадци наводно користеле товарен лифт на камион паркиран пред зградата за да влезат во музејот.
Крадците успеале да украдат девет предмети од колекцијата на Наполеон и царицата Евгенија кои се сметаат за непреценливо културно богатство. Лувр денес е затворен за посетителите. Евакуирани се сите посетители, а затворени се и околните улици. Истрага е во тек.
Т.Д.
