Променливо облачно со сончеви периоди. Во североисточните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 3 до 11°C, а максимумот од 14 до 21°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
2 Берово, 3 Битола, Лазарополе, 4 Маврови Анови, 5 Тетово, Попова Шапка, 6 Крушево, Претор, 6 Струмица, Охрид, 9 Скопје-Петровец, Демир Капија Крива Паланка, Виница, 10 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, 11 Куманово, Гевгелија, Велес.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 16.0, Преспанско Езеро 16.0, Дојранско Езеро 16.4.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
