Утрото студено, преку ден сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -2 до 5°C, а максимумот од 13 до 20°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-4 Попова Шапка, -2 Лазарополе, Маврови Анови, Крушево, 0 Тетово, Охрид, Претор, 1 Битола, 2 Крива Паланка, Берово, 3 Виница, 4 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Куманово, 6 Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, 8 Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
3 Ѓуриште, 1 Скопје-Петровец, Виница, Демир Капија.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
10 Попова Шапка, 5 Маврови Анови, 1 Ѓуриште.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 17.0, Преспанско Езеро 16.0, Дојранско Езеро 17.5.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
