Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Криза во примарната здравствена заштита- потребна е целосна валоризација на лекарите по семејна медицина

Македонија има сериозни проблеми во однос на примарната здравствена заштита меѓу нив е и моделот на финансирање кој станува се повеќе несоодветен, реагираат од Здружението на лекари по семејна медицина. Од Фондот за здравство најавија либерализација на условите за рурални матични доктори, имајќи предвид дека состојбата е загрижувачка и во моментов недостигаат 52 матични лекари во руралните подрачја.

Лекарите во Македонија се повеќе ја напуштаат земјата, населението старее, а низ повеќе градови во Македонија се соочуваме со недостиг на медицински кадар, вели првиот човек на Здружението на лекари по семејна медицина Драган Ѓорѓиевски.

Се сменија неколку министри до сега и ниту еден немаше слух за проблемот со кој се соочуваме лекарите по семејна медицина, вели Ѓорѓиевски кој е воедно и потпретседател на Европската унија на семејни лекари, доколку се има предвид дека ЕУ со години наназад функционира со лекари по семејна медицина и кај нив бодовите се платени, но она на кое што сега се работи таму е зголемување на коефициентот.

  • И конечно веќе еднаш засекогаш специјалистот по семејна медицина треба да ја добие својата улога, токму сега имаме поддршка и од ЕУ, бидејќи таму веќе земјите членки во Европскиот парламент поднесуваат директива со која специјализацијата по семејна медицина ќе стане еднаква како специјалност со останатите специјализации, а Македонија за жал се уште не не признава како семејни лекари. Не може општ лекар да има иста плата со специјалист по семејна медицина. Не може капитацијата на општ лекар да биде иста со специјалист по семејна медицина, вели д-р Драган Ѓорѓиевски, претседател на ЗЛОМ – СМ.

Во меѓувреме генералниот директор на Фондот за здравство Сашо Клековски ги повика сите матични лекари кои работат во руралните средини и млади доктори кои би сакале да работат во руралните средини, вклучувајќи го и Здружението на приватни лекари да дадат свој предлог во оваа насока.

Најави менување на правилникот кој го регулира ова, зголемување на финансирањето, либерализација на условите за рурални матични доктори и да се има јасна слика што е она што до сега ги одвраќаше да работат во овие средини.

  • Во моментов во нашиот систем се планирани 96 рурални матични лекари, а се пополнети 44, односно функционираат 44, значи недостасуваат 52 места матични лекари во руралните подрачја. Во основа тоа значи дека имаме помалку од 50% исполнетост на руралните амбуланти и тоа е знак за тревога дека треба да бараме мерки понатаму. Проблем е и тоа што немаме преносливост на амбулантите, условно нашиот систем предвидува постоечката амбуланта да згасне, па да почне нова што ги обесхрабрува генерациските предности, истакна Сашо Клековски, директор на ФЗОМ.

Многу брзо ќе треба да се размислува не само за руралните матични лекари, туку и за малите места кои не се дефинирани како такви.

На пример во Ресен се само три матични лекари. Демографската возрасна структура на матични лекари е исклучително лоша, смета Клековски и за 10-15 години ќе има сериозна криза во покриеноста, што не е случај само со Македонија, туку и во Европа која се соочува со криза во примарната здравствена заштита.

Нина Стефанова

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации

Tea Dimkovska

Ричард Гир: Мигрантите не се „штетници“, туку луѓе кои бегаат од страдање

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе