Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Македонија крои конкретни планови како да го реши спорот со Бугарија

Македонија крои конкретни планови како да го реши спорот со Бугарија.. Ова е изјавата на министерот за европски прашања, Орхна Муртезани во која нема ниту збор повеќе кои ќе бидат конкретните чекрои на владата. Со одговор дека се што ќе се каже овие дваесетиан дена може да се искористи во изборната кампања за локалните избори.. Од европските политичари, пак, ајсна порака – продолжето со рефорсмките закони за да влечете пари од палнот за раст на унијата.

Македонската влада е сериозна и одлучна по изборите да се направат конкретни чекори за надминување на проблемот со Бугарија. Ова го изјави министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, кој иако потврди дека Владата веќе размислува кои конкренти чекори можат да се преземат во таа насока, не сакаше да открие повеќе детали, како што рече за да не бидат ставени во одреден контекст и да и наштетат на изборната кампања која е во тек.

„Тоа што можам сега да кажам е дека има размислувања за тоа какви чекори треба да се преземат, меѓутоа целиот фокус моментално е во изборната кампања, така да не може да се очекуваат, да се изразам, тој начин на размислување да добие форма на конкретни предлози“, рече Oрхан Муртезани, министер за европски прашања на Македонија.

Муртезани денеска беше домаќин на финскиот колега, Јоаким Странд кој пак побара од Македонија како земја која, како што рече, е предводник во добивањето финансии од Планот за раст, да продолжи да испорачува во делот на реформите за владеењето на правото и борба против корупцијата, а се надева дека таа ќе го направи неопходниот чекор за отворање на првиот кластер.

„Ја охрабруваме Северна Македонија да ги усвои уставните измени, како што се согласивме и дискутиравем денеска. Ние ја охрабруваме северна Македонија и сите земји од Западниот Балкан навистина да го искористат моментот сега и навистина се надеваме дека нема да видиме многу билатерални прашања да го контаминираат и да се мешаат во пристапниот процес“, изјави Јоаким Странд, министер за европски прашања на Финска.

Во контекст на блокираниот процес на пристапување на Македонија и колку, доколку тој во идните месеци не се откочи, негативно ќе влијае на европскит пат на Македонија и многу ќе заостане зад земјите од регинот, Странд е уверен дека тоа на Македонија нема да и се случи, туку дека таа ќе забрза и ќе им се приближи на Албанија и Црна Гора кои се движат брзо.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации

Tea Dimkovska

Ричард Гир: Мигрантите не се „штетници“, туку луѓе кои бегаат од страдање

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе