Четириесетгодишен маж е уапсен во Западен Сасекс под сомнение дека стои зад големиот сајбер напад кој ја наруши работата на десетина аеродроми низ Европа. Според британската Национална агенција за борба против криминалот, истрагата сè уште е во рана фаза.
Нападот, како што се додава, бил извршен со рансомвер, софтвер кој ги заклучува податоците и бара откуп за нивно отклучување. Мета на нападот била компанијата Колинс Аероспејс (Collins Aerospace), чиј софтвер го користат бројни аеродроми во Европа за пријава на патници и на багаж.
Иако уапсениот е пуштен со кауција, властите во Лондон не исклучуваат можност дека зад нападот стои мрежа на хакери поврзана со организирани меѓународни криминални групи.
