Вести Свет Топ вести

Полска и Шведска подготвени да употребат сила против руски летала

Полска и Шведска остро реагираа на зачестените повреди на воздушниот простор од страна на Русија, најавувајќи дека ќе употребат сила доколку биде потребно.

Полскиот премиер Доналд Туск порача дека секое летало што ќе го наруши полскиот воздушен простор ќе биде соборено, без дилеми.

Слична порака испрати и шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон, кој нагласи дека Шведска има право да го брани својот воздушен простор.

Овие изјави доаѓаат по последните инциденти, меѓу кои влегување на три руски „Миг-31“ авиони во естонскиот воздушен простор, како и појавување на руски дронови во близина на Полска и Романија.

НАТО земјите бараат заедничка и координирана реакција за да се спречи евентуална ескалација.

Британската министерка за надворешни работи Јвет Купер истакна дека Обединетото Кралство и НАТО се подготвени за воена конфронтација ако биде загрозен воздушниот простор на алијансата.

Поранешната шведска премиерка Магдалена Андерсон додаде дека секој сантиметар од НАТО територијата мора да се брани.

САД: Ќе го браниме секој сантиметар од НАТО-територијата

По серијата руски нарушувања на воздушниот простор над земји-членки на НАТО, САД и нивните сојузници упатија силна порака за одлучна одбрана.

Новиот американски амбасадор во ОН, Мајкл Волц, пред Советот за безбедност изјави дека САД ќе застанат зад секоја земја-членка: „Ќе го браниме секој сантиметар од територијата на НАТО“, рече тој, повикувајќи ја Русија на итна деескалација.

49 држави веќе потпишаа заедничка изјава со осуда за, како што наведуваат, „опасната ескалација“ од Москва.

Во Брисел денеска заседава НАТО, а се очекува генералниот секретар Марк Руте да испрати предупредување до Русија.

Иако некои политичари повикаа на соборување на руски авиони, други, како германската политичарка Штрак-Цимерман, предупредија дека тоа треба да биде последна опција.

Русија, пак, ги отфрла обвинувањата и ја обвинува Западната алијанса за провокации.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со ограничени резерви на гориво, девет авиони над Лондон во вонредна состојба, пренасочени и 14 летови

Kristina Kuzmanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој го блокираат Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

СДСМ: Што работи Стоилковиќ како министер во Владата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе