Вести Култура Македонија Топ вести

Отворено 46-тото издание на интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“

Со проекција на филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска и со доделување на фестивалските признанија, вечерва во Битола беше отворено 46-то издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Најстарата светска манифестација посветена на кинематографијата и годинава носи селекција на филмови прикажани на престижните фестивали во Кан, Венеција и Берлин, кои ќе се натпреваруваат за златна, сребрена и бронзена „Камера 300“.

Златната „Камера 300“ за животно дело вечерва  му беше доделена на Дариус Конџи, ирански кинематографер со богата меѓународна кариера.Добитници на  наградите за особен придонес во светската филмска уметност  турскиот кинематографер  Семи Капланоглу и американскиот оскаровец Воли Фистер.

Македонскиот композитор Кирил Џајковски е добитник на признанието Голема ѕвезда на македонскиот филм“ за неговиот придонес во филмската музика и културата, која ќе му биде врачена на затворањето.

Фестивалот ќе заврши на 26 септември со проекција на филмот „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги М. Унковски, снимен од кинематограферот Наум Доксевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма во Тиват: Самит што може да го смени патот кон ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Во Скопје ЗОО се родија две бели волчиња

Tea Dimkovska

Финскиот претседател: ЕУ треба да се стреми да го зголеми бројот на 40 членови

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе