САД и Иран втор ден по ред разменија напади на Блискиот Исток, дополнително зголемувајќи ги тензиите и покрај прекинот на огнот договорен во април.
Американската Централна команда соопшти дека извела напади врз воени, радарски и надзорни цели во јужен Иран.
Како одговор, Иран нападна американски воени објекти во повеќе земји од регионот, меѓу кои Бахреин, Кувајт и Јордан. Петтата флота на САД во Бахреин беше нападната со беспилотни летала од страна на Армијата.
–По агресијата на американската терористичка војска врз јужните региони на земјата, Петтата флота на САД во Бахреин беше нападната со беспилотни летала од страна на Армијата. Според Канцеларијата за односи со јавноста на Армијата, по кршењето на прекинот на огнот и агресијата на американската терористичка војска врз областите на југот на земјата, Армијата ја таргетираше Петтата флота на САД во Бахреин со различни видови самоубиствени беспилотни летала. Во овој бран напади со беспилотни летала на Армијата, цел беа комуникациските антени и радарските објекти на ракетниот одбранбен с истем „Патриот“ на Петтата флота, информираше иранската Телевизија.
Иранските власти тврдат дека биле погодени и нафтени танкери во Ормускиот Теснец, што предизвика раст на цените на нафтата на светските пазари.
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека нападите ќе продолжат доколку не се постигне мировен договор. Министерот за одбрана Хегест исткна дека САД ќе возвратат силно на секој напад од Иран.
– Централната команда ќе бидат зафатени вечерва бидејќи претседателот Трамп рече дека силно ќе го погодиме Иран, и ќе бидеме, бидејќи Иран има шанса да склучи добар договор, голем договор за да го кодифицира она што рекоа дека биле спремни да го сторат, а не биле спремни да го сторат тоа. Значи, како што рече претседателот Трамп, тие прислушкувале, прислушкувале. Можете да видите кога некој се обидува да прислушкува, прислушкува, прислушкува договор. Наместо тоа, ќе имаат бомби врз клучни објекти во Иран од Соединетите Американски Држави и тоа не е затоа што сакаме да рестартираме сè што не мора да го рестартираме. Тоа е затоа што ние сме – Министерството за војна е подготвено да ги постави условите за да се осигури дека ќе добиеме договор каков што очекува претседателот Трамп, истакна Хегест.
Додека иранскиот претседател Масуд Пезешкијан најави дека земјата ќе се спротивстави на секој притисок.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди дека регионот се движи кон подлабока криза и повика на итно дипломатско решение.
