Вести Култура Топ вести

Котевска: Ме фасцинираат реални приказни во земјава кои во истовреме личат на научна фантастика

Со овој филм си потврдив уште еднаш дека најмногу сакам, но и најдобро знам да раскажам приказна од Македонија. Секогаш ме фасцинира кога наоѓаме реални приказни во земјава кои во истовреме личат на научна фантастика, вели Котевска за својот нов филм „Приказната за Силјан“, кој ја освои „Наградата на музата“ за најинспиративен филм на 82-от Венециски филмски фестивал, воедно и македонски кандидат за „Оскар“за 2026.

„Ние сакавме да снимаме некој краток документарец, еколошки документарец за смената на патот на миграцијата на штрковите, бидејќи со сè поголемиот број на диви депонии, тие престануваат да мигрираат, остануваат да јадат тука и при тоа голем број од нив умираат. Кога го запознавме Никола и кога видовме дека и тој е човек во транзициона фаза и кога почна да работи на депонија, имаат сериозна криза со земјоделието. Паралелата за мене како автор беше премногу атрактивна. И си зададов огромен предизвик да ја најдам таа паралела“, изјави режисерката Тамара Котевска.

Во подготовките за овој филм таа соработува и со Македонското еколошко друштво. Заедно започнале со истражување на депониите и тоа траело неколку месеци, депонии на кои големи јата штркови денес се прехрануваат. На една од тие локации, на депониите го сретнуваат и Силјан, нивниот главен протагонист. Фасцинантно е што „Приказната за Силјан“, која датира од 17 век, е безвременска метафора која и денес се повторува, само со нови општествени и еколошки феномени, додава Котевска.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меѓународната агенција за атомска енергија на вонредна седница по нападот врз нуклеарната централа барака во Обединетите Арапски Емирати

Tea Dimkovska

„Мислев дека ќе го изгубиме“: Први снимки откако во пожар гореше најголемиот носач на авиони

Kristina Kuzmanovski

Експертска група подготвува мерки за обнова на моликата на Пелистер

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе