Вести Култура

Шеснаесетто издание на „МакеДокс“ со филмови на социјални, безбедносни и еколошки теми

Обраќање на организаторите и подигнати раце кои држат главици кромид. Вака беше отворен фестивалот на креативен документарен филм „ МакеДокс“, традиционално во амбиенталниот простор на Куршумли ан . На стартот- краткиот филм „ Бардо “, од чешката авторка Вјера Чакањова, а по него и данско -шпанското долгометражно остварување „ Само на земјата“, од Робин Петре.

Годинашново 16. издание на фестивалот МакеДокс донесува вкупно 75 филмови кои нудат социјални, културошки, безбедносни и еколошки теми. А, мотото на фестивалот е „ Кому му е гајле за реалноста“. Се работи за квалитетни остварувања, поделени во 6 програмски целини, кои биле прикажани на светските фестивали, вели извршниот директор.

  • Одиме во различни реалности. На пример, во реалности во војна, одиме во реалности во пожарите, одиме во реалности во планините, во градовите. Имаме филмови кои што биле на сите светски фестивали, но имаме и нови автори, кои што за прв пат ќе бидат прикажани, кажа Дарко Набаков- извршен директор на „ МакеДокс“.

Македонија е застапена на фестивалот со десетина документарци. Од нив три се на денешната програма.

  • „ Антигона“, новиот краток филм на Ханис Багашов „ Печурки од минатото“ и „ Земја и крилја“ на Стефан Малешевиќ, рече Набаков.

Земја во фокусот е Австрија, од каде пристигнаа 9 филмови, а дел од нив се со ангажирани, еколошки содржини. На „ МакеДокс“ дојдоа стотина гости од странство. Меѓу нив е познатата бугарска писателка Капка Касабова, која пишува документаристичко- патеписна проза. Таа е дел од жирито што ќе одлучува за филмот со најдобри етички идеи.

  • За мене етиката и моралот не се нешто одделно. Тие не се тема или идеја. Тие се дел од нашето секојдневие. Како да го живеам животот ? Тоа е прашањето за кое мислам дека сите не возбудува. Како да живеам најдобро ?, прашува Капка Касабова- писателка и поетеса.

Во завршницата на фестивалот, на 28 август ќе бидат доделени и наградите „ Кромид“, за најдобар долгометражен документарен филм, „ Млад кримид“- за најдобар филм од нов автор, „ Сечкан кромид“- за краток филм, и „Кокарче“- за најдобар студентски филм.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Што ќе значи новиот европски нон-пејпер за бугарските барања кон Македонија?

Дејан Дејан

Спасувале животи за време на пожарот во „Пулс“-тврдат обвинетите полицајци

Дејан Дејан

Мешовитата историска комисија на Македонија и Бугарија со нула напредок – со години заглавена кај учебникот за седмо одделение

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе