Култура

Изгласани измените на Законот за туристичка дејност, секторот преминува во Министерството за култура и туризам

Со изгласување на измените на Законот за туристичка дејност згаснува Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и секторот дефинитивно преминува во ресорот култура и туризам, кажа министерот Зоран Љутков на денешниот брифинг.

  • Она што го ветивме претходно дека ќе се угасне Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и сите постапки и сите вработени ќе преминат на една адреса, а тоа е Министерството за култура и туризам, конечно заврши. Се надевам дека после 8 дена по објавувањето во „ Службен весник “ ќе пристапиме кон преземање на вработените , на имотот , сѐ она што го поседува Агенцијата за поддршка на туризмот, рече Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

Зо оваа трансформација извршени се промени на систематизацијата на работни места во Министерството за култура и туризам зашто триесетина вработени од Агенцијата за туризам ќе преминат во ресорното министерство. Тие ќе се сместат на првите два спрата во зградата на Министерството за енергетика, со што запира обврската на државата за плаќање киријата за Агенцијата, сместена во ГТЦ. Формирана е и Работна група, кажа министерот, која меѓу другото ќе делува на решавање на проблемот со илегалните туристички водичи кои на туристите им даваат погрешни информации за нашето културно-историско наследство.

  • Донесовме неколку заклучоци кои што во наредниот период ќе треба да ги спроведеме и да се заштитиме од таквите влијанија, кажа министерот Љутков.

Со ребалансот на буетот дополнителни 10 000 евра од Агенцијата за туризам ќе одат во министерството . Ќе се користат за промоција на нашата култура и туризам.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Хазарос Сурмејан, балетски уметник и кореограф

Дејан Дејан

„Трансформирана меморија“ самостојна изложба на Данчо Ордев, вечерва во галеријата Остен

Дејан Дејан

Филмски журнали снимени во Македонија, пред 70 години, станаа дел од колекцијата на Кинотека

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе