Uncategorized Вести Македонија

Меџити: Најверојатно ќе бидам кандидат за Чаир

Се дефинира конечната листа на Вреди, за кандидати на локалните избори – од Струга, па до Липково. До крајот на неделата ќе бидат познати сите имиња, вели вицепремиерот Изет Меџити.

Запрашан дали тој ќе биде определен да ја трча изборната трка во Чаир – кратко одговори „најверојатно да“. Со тоа, извесен е негов судир со поранешниот министер и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи.

Меџити не даде прецизен одговор на прашањето каде ќе се бие најголема битка на локалните, но се осврна и на шансите на политичките опоненти.

„При крај се консултациите, ги чекаме резултатите од анкетите бидејќи сакаме да ги дадеме најдобрите, најпрофесионалните решенија за секоја општина. Мислам дека најголем губитник на денот кога ќе завршат локалните избори ќе биде токму ДУИ бидејќи може да останат со 2-3 општини и тоа ќе биде почеток на крајот за жал, на едно такво движење какво што беше на почетокот“, вели Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање. 

Партнерите од владејачката коалиција не потврдуваат за кои општини е договорена меѓусебна поддршка со ВМРО-ДПМНЕ, но соработка ќе има како и секогаш досега во коалициите, велат од Вреди.

Запрашан за Изборниот законик и дали има консензус за измени, вицепремиерот Меџити вели јасно е дека тие се за отворени листи како најинклузивно и најдемократско решение, а во однос на другите прашања – сите партии имаат различни одговори.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе