Вести Култура

Од независната сцена побарале повеќе финансии и услови за работа од ресорното министерство

Незадоволни од поддршката на годишните конкурси и од условите за работа, претставници од независната сцена беа на разговор во Министерството за култура и туризам. Според министерот Љутков, ова била втора средба по реализираната лани.

„Барањата, се разбира, се за поголема поддршка во делот на финансирањето и обезбедување на соодветни услови за нивно претставување. Бидејќи знаете дека 90% од капацитетите кои што ги имаме се однесуваат на националните установи“, рече Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

Љутков не кажа што се договориле. Но, од „Центар Јадро“ за Телма велат дека два и пол часа поминале во конструктивни разговори и дека тие ќе продолжат. Од „Јадро“ се надеваат на позитивен исход. А, министерот, кој денеска потпиша договор со градоначалникот на Општина Аеродром, за реконструкција на простор во населбата Ново Лисиче, за мултифункционален центар, за чија прва фаза ќе бидат издвоени 99 милиони денари, рече дека ова е ново поглавје за општината, која што немала вакво место до сега и дека  тоа особено ќе се користи за потребите на независната сцена.

„Ќе содржи киносала со 245 столчиња, простор за изложби, мултимедијален дел, комплетно опремен со сценска технологија , озвучување и осветлување“, кажа Дејан Митевски, градоначалник на Општина Аеродром.

Мултифункционалниот центар ќе биде на површина од 1.400 метри квадратни. Се очекува да биде готов за две и пол години, а ќе го менаџира ЈП при Општина Аеродром.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Проширувањето е живо, а европските лидери го покажуваат тоа

Дејан Дејан

(фото)Повеќе од 330 основци учествуваа на церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Дејан Дејан

Ќе се отвори ли конечно „Маркова Нога“, ова  е сепак Балкан вели за роковите евроабмасадорот Рокас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе