Вести Македонија

За во септември одложено судењето за Беланоца/Барон

Фатљум Ајети Тоте, лидерот на Беланоца/ Барон седна на обвинителна клупа заедно со 8 припадници на неговата криминалната група, но судењето не започна поради остуство на дел  од адвокатите. Со големо полициско обезбедување беа донесени да им се суди за за нарачување на убиства, изнуди, закани, злосторничко здружување, но и тешки дела како палење на објекти и возила. И додека Тоте од зад решетки објавуваше слики со лидерот на Барон, Акиф Равманоски. Сега во судница беа далеку еден од друг.

Равманоски е познат и по тоа што беше помилуван од претседателката Гордана Силајновска Давкова и веднаш откако излезе од затвор за казната за оружје повторно заврши со лисици на раце.

Тоте кој, според обвинението, ги нарачувал и извршувал дел од убиствата во последната клупа, а пред него седеше Зулќуфли Нуредини познат како Мали репки кој исто така се гони за три ликвидации.

Меѓудругото се пресметувале со спротиставената група Дуќанџик/Грчец, а меѓу обвинетите е и Гани Марку, претходно познат како Гани Туша. Тој вусшност се години дека бил извршител на убиството Орхан Бајрами Оки на Халкидики, кој еден од лидерите на Дуќанџик/Грчец. На ова претходеше и двојното убиство на соработниците на Оки, Јетон Кривањева Жила и Енес Исеинов Љаци во Шиша бар. Тоте обезбедил 250.000 евра и конкретни насоки.

Едно од нарачаните убиства за 10 илјади евра е и она на Ибраим Ајдини во 2020 година, бидјеќи наводно ги предал на надлежните институции двајца од инволвираните за убиствата на Смилковското езеро. Обвинетите се гонат и за и палење на објекти и возила на службени лица од затворот во Идризово и членови на нивни семејства.

Меѓу нив се и браќата Маслани. Едниот од нив Шенаси Маслани е познат во јавноста како Шенки версаче и неговата опседнатост со модниот бренд, а тоа се покажа и во судница. Нивниот трет брат пак Шенол Маслани исто така беше дел од помилуваните имиња кои паднаа во очи на јавноста. Останатите кои се гонат се Решат Исмани, Абдула Садикии Акиф Мемши. Судењето продолжува на 4 септември.

Марија Митевска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе