Вести Македонија Најважни

Обвинителството продолжува да ги анализира податоците од телефонот на Димитровска – одбраната го чека обвинението 

Пет дена по обвинението претседателката на Антикорупциска е недостапна и сè уште не се огласила ниту за кривичните дела ниту за повиците за оставка. Нејзиниот адвокат за Телма вели го чекаат обвинението.

„Обвинението не е примено ниту од одбраната ниту од обвинетата. Откако ќе го добиеме ќе заземеме став за следните чекори. За сега не можам во нејзиниот име да давам изјава или став“ изјави адвокатот Стевица Јосифовски.

Јосифовски беше и правен советник на ДКСК но вели договорот му е истечен и Димитровска го ангажирала приватно.

Одбраната има право не приговор на обвинението по што Кривичниот суд треба да го оцени. Но работата не е завршена ниту за обвинителството. Телма дознава дека обвинителите продолжуваат да ги анализираат екстрахираните податоци од телефонот на Димитровска со оглед на тоа што до сега е анализирана само дел од комуникацијата.

Од организиран криминал кусо ни одговорија.

„Неодамнешниот обвинителен предлог е како резултат на докази обезбедени врз основа на дел од екстрахираните податоци за кои покажувате интерес, а кои се поврзани со предметот „Адитив“ велат од ОЈО ГОКК.

Левица иницира разрешување на Димитровска пред собраниската комисија за избори и именувања. Сметаат дека не мора да се чека правосилна пресуда.

„Од овој момент на претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска и се изречени мерки за забрана за извршување на функција, таа повеќе од два месеци не оди на работа, и токму ние тука ја наоѓаме законската основа во овој случај да ја поднесеме нашата иницијатива до Комисијата за избор и именување“ изјави Јована Мојсовска, пратеничка од Левица.

Димитровска доби мерки на претпазливост според кои има забрана да работи на предмети да има контакт со пошта и друга документација а спореди информациите од ДКСК два месеца од истрагата не се појавила на работното место. Таа е обвинета дека му оддавала службени тајни на ексдиректорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ подоцна обвинет во Адитив. На товар и се става и делото компјутерски фалсификат дека ревизор од ДЗР и го положил тестот за Сертификат за Државна тајна.

На прашањето на Телма дали ќе прават ревизија на одлуките од ДКСК ни одговорија дека:

Одлуките се донесени колективно од Државната комисија, на јавна седница, согласно со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси каде е уредено дека одлуките се носат со мнозинство гласови, како и согласно постапката уредена во Деловникот.

Елена Ивановска Мукоска 

Димитровска го вратила сертификатот „ДРЖАВНА ТАЈНА“ во ДКСК по прилот на ТВ Телма 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе