Култура

Праизведба на претстава за семејното насилство на „Скопско лето“

Во рамките на „Скопско лето“, во сабота на малата сцена на Македонскиот народен театар ќе се одржи праизведбата на претставата „Лов на дива свиња“. Се работи за копродукциски проект, по потпишан Меморандум за соработка, меѓу нашата најголема театарска куќа, Градскиот театар од Подгорица и здружението „ Арт Медиа“ од Скопје.

Претставата е работена по истоимениот текст на црногорската драматичарка Марија Сарап, а во драматизацијата, покрај овој, се внесени делови од нејзиниот постар текст „План Б“, како и од филмското сценарио напишано според оригиналниот текст „Лов на дива свиња“.

Во претставата настапуваат петмина актери од средната и младата генерација од Македонија и Црна Гора, а режијата ја потпишува Наташа Поплавска.

„Се работи за семејно насилство, се работи за семејни тајни кое секое семејство ги крие, чува. Дали треба? – Се работи за фамилијарни демони кои се пренесуваат на луѓе кои ги немаат тие демони. Ова е женски крик. За сите жени кои доживеале барем малку од ова што ќе се види на сцена, на 19 јули“, рече Наташа Поплавска, режисерка на претставата.

„Лов на дива свиња“ е всушност она што ние го ловиме целиот наш живот. Она што ние го следиме целиот наш живот во себе, зашто се обидуваме да го избркаме од себе. Значи, ние ги бркаме сопствените демони, ние се обидуваме да бидеме малку подобри луѓе, ми се чини“, кажа Марија Сарап, авторка на текстот.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започнува 60. Јубилеен МТФ „ Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Почина Хазарос Сурмејан, балетски уметник и кореограф

Дејан Дејан

„Трансформирана меморија“ самостојна изложба на Данчо Ордев, вечерва во галеријата Остен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе