Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 19°C, а максимумот од 28 до 37°C.
Информација од утрово:
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
25 Берово, 18 Маврови Анови, 5 Виница, 1 Скопје-Петровец.
Забелешка:Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 17.5, Преспанско Езеро 17.0, Дојранско Езеро 20.4.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
