Вести Култура

Министерството за култура разрешува членови на Управни одбори кои ги прифатиле приговорите за мартовските плати

Не завршуваат проблемите на вработените во институциите од културата со пресметаните мартовски плати. Од Синдикатот за култура на Македонија алармираат дека Министерството за култура и туризам ги разрешува членовите на Управните одбори во институциите од културата, кои ги прифатиле приговорите за пресметаните мартовски плати. И на нивно место поставува нови членови.

Од СКРМ во писмен допис на социјалните мрежи , велат дека ресорот Култура тоа го прави зашто одбива да го прифати правилниот, законски начин за пресметка на платите.

  • Очекуваме со платите за април да се направат корекции за правилна исплата на примањата во институциите од културата, каде Управните одбори ги имаат прифатено приговорите, велат од СКРМ во соопштението.

Согласно Колективниот договор за култура, мартовските плати требаше да пораснат за 8, 5%. Но, со пресметките од министерствата за култура и финансии од 22. април, платите се намалени за 3% на вработените во институциите од културата, и покрај најавите на министерот Зоран Љутков дека ќе се зголемат согласно порастот на минималецот. Од СКРМ велат дека не е правилно пресметана ни формулата за зголемување на платите согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор.

  • Овде не е правилно пресметан Општиот колективен договор за јавниот сектор, со кој ни растат платите за 10%, туку е пресметан како фиксна сума , исплатена во септември 2023 година, велат од СКРМ.

До сега до Управните одбори на институциите од културата и до Агенцијата за администрација се поднесени над 900 жалби, а таму каде што жалбите се одбиени од институциите, СКРМ поднесува тужби преку нивниот адвокат. Ако продолжи разрешувањето на членовите на Управните одбори , СКРМ најавува радикални чекори.

Во врска со новите реакции од СКРМ испративме прашања до Министерството за култура и туризам. Но, од таму се недостапни за одговори.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ги имало многу, материјалните трошоци се зголемиле, а 27 години работеле со фиксни тарифи – нотарите бараат покачување на цената за основните заверки

Дејан Дејан

(Видео) Шише заврши во глава на советничка – спречена тепачка на седница на советот на Општина Кочани

Дејан Дејан

Премиерот и невладините со различен став за Изборниот законик

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе