Џорџ Форман, еден од најдобрите боксери на сите времиња, почина во 76 година од животот. Носител е на златен медал од Олимписките игри во 1968 година и двапати беше светски шампион во тешка категорија. Втората титула ја освоина 45 годишна возраст, со што стана највозрасен првак во историјата.
Првата титула ја загуби од Мохамед Али во легендарната борба „Rumble in the jungle“ во 1974 година. Во професионалната кариера забележа 76 победи од кои 68 со нокаут. Од боксот се повлече во 1997 година.
„Нашите срца се скршени. Побожен проповедник, посветен сопруг, грижлив татко и горд дедо и прадедо. Живееше живот исполнет со непоколеблива вера, понизност и цел. Хуманитарец, олимпиец и двократен светски шампион во тешка категорија. Беше длабоко почитуван. Сила на доброто, човек со дисциплина, уверување и заштитник на своето наследство, неуморно борејќи се да го своето име и чест – за својата фамилија“, објави неговото семејство на Инстаграм.
Форман е роден во градот Маршал, во Тексас, на 10 јануари во 1949 година. Растеше со шест браќа и сестри. Зад себе има пет брака и 12 деца, а сите пет синови се викаат Џорџ.
„Им велев – ако еден од нас напредува, сите заедно ќе одиме нагоре. А, ако еден падне, сите паѓаме заедно“, објасни во една прилика Џорџ зошто на сите им дал исто име. Покрај боксот, Форман беше и свештеник во црквата Господ Исус Христос во Тексас што ја основаше и изгради самиот.