Македонски државјанин го признал убиството на 45-годишна Гркинка, сопственичка на стан во кој живеел како потстанар во близина на Ханија на грчкиот остров Крит. Телото на жената било пронајдено утрово, три седмици по нејзиното исчезнување.
Според грчките медиуми, осомничениот бил последната личност што ја видела жената жива, по што првично негирал каква било вмешаност.
Тој подоцна бил уапсен по друго дело, а за време на полициско испрашување го признал убиството и го посочил местото каде што било закопано телото.
Истражните органи во Грција продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот, кој во изминатите недели предизвика големо внимание во јавноста.
