Вести Економија Топ вести

ЕСМ не успеа да најде операторо кој во вонредни услови веднаш би испорачал струја- на повикот никој не се јавил

ЕСМ не успеа да најде  оператор кој би испорачувал струја во услови на евентуална хаварија. На повикот за избор објавен на почетокот на декември лани кој  се затвори пред неколку дена, од ЕСМ велат дека не се пријавил никој и дека најверојатно ќе има нов со изменети услови, но се уште не е утврдено.

Државните електрани во време на грејна сезона често се соочуваат со  проблеми со блоковите во РЕК Битола. Во вонредни услови се одлучувало и преку преносниот систем  МЕПСО да се влече струја од надворешните мрежи, но тие количини чинат многу пари. Па со ваквиот повик треба да се обезбеди оператор кој би продал струја веднаш, за да се надомести недостатокот и да не се почувствува криза.

ЕСМ се уште е во потрага и по компанија која ќе копа јаглен за потребите на РЕК Битола во рудникот Брод Гнеотино- односно некој кој ќе го замени Марковски Компани, со кој го раскинаа договорот, заради непочитување на обврските.

Сега, таму привремено ископ прави Топлина Подмоље. На претходниот повиок   никој не ги исполнувал условите, па се објави нов. Сега се чека да се види кој се ќе достави понуда, по што следи избор на најповолен понудувач.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Марија Ангеловска ја доби наградата „Енхалон“, а Лју Јуе „In vino veritas“ на Струшките вечери на поезијата

Дејан Дејан

Сега е моментот за проширување и да сум на ваше место би ја искористил оваа можност, литванскиот министер за надворешни работи со порака до Македонија

Дејан Дејан

Десетици цивили убиени во пакистански воздушни напади во Авганистан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе