Вести Најважни Свет

Минхенска безбедносна конференција: Путин нема да застане на Украина, на Европа и е потребна силна одбрана вели Зеленски

Светските лидери денеска се собираат на вториот ден од Минхенската безбедносна конференција на која се очекува високо на агендата да бидат поставени разговорите за Украина. Европските лидери се обидуваат да ја разберат новата остра линија од Вашингтон за иднината на Украина, додека администрацијата на Трамп продолжува да ги поништува трансатлантските конвенции кои се во сила уште по Втората светска војна.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски уште еднаш повтори дека „Русија не сака мир“ и повика на создавање „европска армија“ бидејќи посочи дека САД повеќе нема да му помагаат на континентот.

Jас не верувам во безбедносни гаранции без Америка. Да, тоа ќе биде недоволно, но Америка нема да понуди гаранции доколку самите гаранции на Европа не се силни. Исто така, нема да го тргнам членството во НАТО за Украина од масата. Но, во моментов, највлијателната членка на НАТО се чини дека е Путин, бидејќи неговите каприци имаат моќ да ги блокираат одлуките на НАТО, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој го повтори ставот дека неговата земја сака „безбедносни гаранции“ пред какви било разговори со Русија, бидејќи администрацијата на Трамп ги притиска двете земји да најдат брз крај на речиси тригодишната војна.

Украина никогаш нема да прифати договори направени зад наш грб без наше учество, а истото правило треба да важи за цела Европа. Нема одлуки за Украина без Украина, нема одлуки за Европа без Европа“, рече Зеленски.

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс вчера ги повика европските лидери „поприлично да ги засилат своите армии“ за да ја обезбедат одбрана на континентот и ги повтори ставовите на Трамп дека членките на НАТО треба да одвојуваат значително повеќе средства за своите одбрамбени капацитети.

Американскиот потпретседател не изостави и да искара европските лидери поради нивниот пристап кон демократијата, на што денеска реагираше германскиот канцелар Олаф Шолц велејќи дека нема да дозволи никој однадвор да се меша во демократијата на неговата земја.

Нема да прифатиме луѓето кои гледаат на Германија однадвор, да интервенираат во нашата демократија и нашите избори и во демократскиот процес на формирање мислење, порача Шолц.

 Минхенската безбедносна конференција од 1963 секоја година ги собира највисоките политички и воени лидери на светот за да дискутираат за глобалната безбедност, а годинава се најде пред критичен момент кога на тест се ставени трансатлантските односи меѓу САД и Европа поради различните приоритети и перспективи.

Европските лидери се соочуваат со предизвикот да ја балансираат својата зависност од САД, со растечката потреба за самостојност во обезбедувањето на националната и регионалната безбедност.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рокас: План за раст и реформска агенда не се замена за полноправно членство туку алатка за подготовки

Дејан Дејан

Путин бара привремена администрација во Киев

Дејан Дејан

Koалиција „Сите за правично судење“ бара непристрасна истрага без селективност за борба против корупција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе