Вести Култура

Кратковидата културна политика на ресорното министерство не ги разбира програмите на независниот културен сектор

Политиката на Министерството за култура и туризам е кратковида и не ги разбира програмите на независниот културен сектор. Вака коментираат од Коалицијата „Маргини“, кои на годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата, не добија ни денар за нивниот фестивал „Викенд на гордоста“. Тој 12 години по ред презентира врвни светски уметници од изведувачките, визуелните уметности и современиот танц.

„За нас тоа е показател дека станува збор за една хомофобична, трансфобична и мизогина политика во министерството, кое што не може од краткогледоста да погледне пошироко и да разбере за каков тип на програмирање, кое е значењето на ваквото програмирање и што овој фестивал значи. Не само за квир заедницата, за жените, за феминистките итн, туку и за пошироката публика“, вели Славчо Димитров од Коалицијата „Маргини“.

Иако живата култура ја создава независниот културен сектор, таа е на респиратори, а чинителите се во прекаријатна положба, вели Искра Гешоска, ланска добитничка на медал од Гете Институтот, за придонес во културната размена.

„Сега тие ќе речат сме дале на независниот културен сектор. Еве, и ние сме добиле. Јас не знам како планираат со 2.000 евра, со 3.000 евра, со 4.000 евра, нека се и 5.000 евра, како планираат воопшто некаква програма, квалитетна, значи современо културно-уметничко наследство да се создаде? – И како планираат воопшто да преживеат луѓето кои што го креираат тоа“, прашува Искра Гешоска, теоретичар на културата и припадничка на независната сцена.

И хоровите „Менада“ и „Лале“ од Тетово кои постојат повеќе од четири децении, не добија средства за редовна дејност.

„За жал, оваа година сме разочарани од тоа што хоровите, ни „Лале“, ни „Менада“, за радовна дејност не добија средства. За првпат се случува тоа. Визави хорови кои што, исто така, делуваат во Македонија, а добиле средства повеќе од минатите години. Без редовно финансирање, хоровите не можат да опстојат, што делуваат толку години“, вели во телефонска изјава Ивица Зориќ, раководител и диригент на хоровите „Менада“ и „Лале“.

Од ресорот со одговор дека фокусот годинава се националните установи и затоа поддршката првенствено е насочена кон нив, но не на штета на останатите корисници. Сепак, доколку некој од нив не е задоволен може по добивање на решението да го искористи законски утврдениот рок за жалба.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Путин бара привремена администрација во Киев

Дејан Дејан

Koалиција „Сите за правично судење“ бара непристрасна истрага без селективност за борба против корупција

Дејан Дејан

Ердоган: Протестите во Турција предизвикуваат значителни економски последици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе