Култура

Ана Франговска: Делата на Коле Манев се искрено сведоштво за страдањата на раселените луѓе

Во организација на Друштвото на ликови уметници и Националната галерија на Македонија , во Даут- пашиниот амам  се одржа комеморација по повод смртта на нашиот истакнат сликар, филмски режисер и сценарист, Коле Манев. Тој почина на 22 јануари на 83- годишна возраст, по кратко боледување.  Манев остави непроценливо наследство со кое ќе остане секогаш жив и кое ќе го чува и промовира министерството за култура и туризам, кажа на комеморација, министерот Љутков. Според уметницата Дијана Томиќ- Радевска, Манев како претседател на ДЛУМ бил отворен за идеите на помладите колеги , а за Ана Франговска од Националната галерија, творештвото на Манев е искрено сведоштво за страдањата на раселените лица, како што и тој со семејството бил раселен, по Граѓанската војна во Грција, 1948 година.

  • Го посвети целиот свој живот на реализмот и фигурацијата. Најнапред, експериментирајќи во областа на надреалниот, метафизички реализам, па допирајќи ги аспектите на хиперреализмот. Но, откако започна продлабочено да ги истражува темите поврзани со егејската бегалска криза, твореше во рамките на академскиот реализам, или како што Анте Поповски тоа го дефинира- современ реализам. Неговото дело не беше само уметнички потфат, туку и искрено сведоштво за страдањата на раселените луѓе, кажа Ана Франговска , кустос – советник во Националната галерија на Македонија.
  • За време на нашата соработка во управните тела на ДЛУМ, а Коле Манев како претседател , од 1996 до 1999-2000 година, се сеќавам на нашата соработка. Ние со Вана Урошевиќ бевме најмладите во Советот. Секогаш беше расположен за нови идеи, не поддржуваше во дискусиите и ги прифаќаше нашите сугестии. Едноставно, сакаше нова енергија. Сакаше да донесе свежина, преиспитување на критериумите и оптимизам во Друштвото, рече Дијана Томиќ- Радевска, визуелна уметница.
  • Некој за утеха кажал дека луѓето живеат толку време, колку што ги споменуваме. Но, Коле Манев зад себе остави непроценливо наследство со кое ќе остане секогаш жив и ќе ги инспирира идните генерации уметници. Како министер за култура и туризам, но и како човек кој го цени неговото дело, сакам да истакнам дека Министерството за култура ќе продолжи да го чува и да го промовира наследството од Коле Манев, кажа Зоран Љутков- министер за култура и туризам.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Словачкиот поет Иван Штрпка е добитник на „Златниот венец“ на СВП за 2025

Дејан Дејан

Емил Рубен: Во градот нема премногу чист воздух

Дејан Дејан

Македонската филхармонија ќе бара кривична одговорност од министерот Љутков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе