Култура

Потпишан меморандум за соработка меѓу МНТ и Националниот театар од Будимпешта

Директорот на Македонски народен театар, Никола Кимовски, заедно со нашиот еминентен режисер, Дејан Пројковски, престојуваат во официјална посета на Унгарија. Кимовски заедно со Атила Видњански, директорот на Националниот театар ( Nemzeti Szinhaz) од Будимпешта , потпиша меморандум за соработка меѓу двете театарски куќи.
– Со овој договор Македонскиот народен театар и Националниот театар на Унгарија стануваат партнери кои што ќе реализираат заеднички проекти и размена на претстави од двата театри. Договорот вклучува  реализирање и размена на претстави, уметници и идеи, како и зајакнување на соработката за нови театарски проекти, велат во дописот од МНТ.
Во рамките на оваа соработка, двете институции ќе  организираат заеднички настапи, размена на уметнички тимови, учества на фестивали, како и други културни настани што ќе го збогатат театарскиот живот во двете земји. Меморандумот има за цел да ја зајакне меѓународната размена и промовирањето на уметноста и културата на двете земји. Посебен акцент е ставен на поддршката на млади театарски уметници.
– Со потпишувањето на меморандумот за соработка, се поставува основа за заедничка работа и унапредување на културната размена, преку која ќе се создадат услови за продлабочување на соработката меѓу нашите две театарски институции, додаваат од МНТ.
Една од главните заложби ќе бидат заедничките европски проекти, со цел преку взаемна соработка да се создадат нови естетски вредности и креативни искуства.
Како што истакна директорот, Никола Кимовски, веќе се договорени гостувања на МНТ во Будимпешта и гостување на Националниот театар (Nemzeti Színház) во Скопје. Исто така, по повод јубилејот „80 години МНТ“, гостин ќе биде директорот на Националниот театар (Nemzeti Színház), Видњански, со неговите најблиски соработници.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Словачкиот поет Иван Штрпка е добитник на „Златниот венец“ на СВП за 2025

Дејан Дејан

Емил Рубен: Во градот нема премногу чист воздух

Дејан Дејан

Македонската филхармонија ќе бара кривична одговорност од министерот Љутков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе