Вести Култура

Патување низ призмата на Дневникот на Ана Франк за холокаустот

Ниското поткровје на маката и меморијата, исполнети ѕидови со исечоци од новини, дрвени полици, испишани 34 приказни, Книгата на убавите реченици, Животот на Кејди и Тајниот анекс останаа запечатени и ден денес во име на германската окупација и холокаустот низ призмата на Ана Франк.

На 12 јуни 1942 година, Ана Франк добива дневник за нејзиниот тринаесетти роденден од нејзиниот татко. Започнува да пишува два дена по нејзиниот роденденден на 14 јуни 1942 година за време на Втората светска војна. Тоа беше нешто што таа навистина го сакаше. За неа дневникот оттогаш започнува да биде најголема поддршка во искажување на емоциите и голготите на тогашното време: „Најсветлата точка од се е тоа што барем можам да ги запишам моите мисли и чувства, инаку апсолутно би се задушил“ стои во белешките на Ана Франк. 

Ана водела дневник две години, криејќи се зад полица за книги во нејзиниот дом, а нејзините дневни белешки, објавени по војната, ја направиле глобално препознатлив симбол на холокаустот.

Наредните две години, семејството Френк се криело во тие простории заедно со уште едно семејство и семеен пријател. Сите што живееле таму биле принудени да молчат преку ден, а не им било дозволено да го користат тоалетот во текот на денот, a храна и залихи им носела мала група помошници од доверба.

Извор: Официјална страна на Музеј на Ана Франк во Амстердам

 

Сето ова време Ана ги запишувала своите мисли во нејзиниот таен дневник. Поради нејзиниот копнеж за друштвото на нејзините врсници, таа измислила ликови, како што е Кети, на која ѝ пишувала писма. Преправајќи дека испраќа писма до кругот на пријатели на Џоп. Кити Франкен беше еден од ликовите од таа група. Ана повеќе сакаше да ѝ пишува „неа“. Ликот на Кити во книгите на Сиси ван Марксвелт беше „светол“, весел и смешен. И така, Кити стана имагинарната пријателка на која Ана и се доверуваше.

Нејзините грижи, аспирации и здодевност, заедно со рутинското незадоволство од тесниот живот со другите, се откриени на страниците на дневникот. Ана последно пишувала во дневникот на први август 1944 година, а утрото на чето август, Гестапо извршил рација и ги уапсил сите жители.

Холандија беше нападната од Германците на 10 мај 1940 година, а Евреите беа прогонувани. Елементите за тоа како нејзиниот живот веќе се менувал се најдоа во писмата.

Во едни од писмата Ана Франк ѝ пишува на баба ѝ дека „Посакувам повторно да почнам со лизгање на мраз, но само ќе треба да имам малку повеќе трпение, додека не заврши војната… Повторно часови по лизгање, а кога ќе можам да лизгам навистина добро, тато ми вети патување во Швајцарија, за да се видам со сите вас“.

Собраните дела ги обединуваат сите три верзии на историскиот дневник на Ана, заедно со есеи, фотографии, писма и тетратки од нејзините омилени цитати и есеи од писатели, вклучувајќи ги Франсин Проза и историчарот Герхард Хиршфелд.

„Важно е да се разбере од каде доаѓа оваа девојка“, рече Ив Кугелман од Фондовите на Ана Франк. „Многу луѓе го знаат само дневникот, а познавањето на дневникот без да се разбере нејзината семејна животна приказна и нејзината околина не ја дава истата порака“.

Писмата, додаде Кугелман, даваат увид во неформалниот, разговорлив тон што Ана го усвојува во нејзиниот дневник, кој е продаден во повеќе од 30 милиони примероци ширум светот.

Собраните дела, рече Кугелман, ќе му дадат на светот позаоблена верзија на Ана. „Мислам дека повеќето луѓе ја знаат Ана од дневникот без контекстот на семејството, нејзината социјализација, каде се образувала, каде била во општество.

Цитати од Белешките на Ана Франк:

  • „Имам доста долга коса… тато и мама сакаат да ја потстрижам, но јас би сакала да ја пуштам да расте. Во устата имам мала справа, протеза, па секоја недела морам да одам на забар. Така тоа се повторува осум недели и, секако, не ми е баш пријатно“ – ѝ напишала Ана Франк на баба си, пролетта 1941 година.
  • „Од мама и тато добив велосипед, нова училишна чанта, фустан и уште многу работи. Маргот ми го даде нејзиниот прибор за пишување бидејќи го потрошив тој што го имав. А не поминав лошо ни со свеќите ни со останатите мали подароци. Тука е многу топло, дали е топло кај вас? Многу ја ценам песната на Стефан, добив една и од тато, но тоа се очекуваше. Вчера излегов со Сана, Ханели и едно момче. Беше многу забавно, немам недостиг на дружење со момчиња“ – ѝ напишала таа на својата баба.
  • „Часовите завршија за Евреите. Ќе добијам нов фустан, тешко е да се стигне до материјал и потребно е да се дадат многу купони“ – напишала Ана.
  • „Морам да бидам трпелива додека не заврши војната. Ќе одам на тренинзи ако тато може и понатаму да ги плаќа, а кога ќе бидам добра во лизгање, тато ми вети патување во Швајцарија, да ве посетам сите вас“ – напишала таа.
Извор: Карен Рубин, Синдикат за карактеристични патувања

Освен куќата на Ана Франк која е лоцирана во Амстердам, Холандија, ширум целиот свет се изложби и настани за нејзиното дело и творештво. Една од најновите изложби е „Изложбата на Ана Франк“ во Њујорк, каде преку слики и рекреација на домот на Ана Франк е претставен нејзиниот живот и творештвото.

Холокаустот започна во 1941 година и траеше до 1945 година, под режимот на Адолф Хитлер. Нацистите, кои дошле на власт во Германија во јануари 1933 година, верувале дека Германците се “расно супериорни” и дека Евреите, сметани за “ниска” раса, се закана за германската заедница.

Холокаустот вклучуваше масовни егзекуции, користење на концентрациони и логори за истребување, принуден труд и глад. Покрај Евреите, милиони други луѓе беа цел на прогон, вклучувајќи Роми, луѓе со инвалидитет, полски и советски цивили, политички противници, хомосексуалци и други што нацистите ги сметале за “непосакувани”.

Холокаустот заврши со поразот на нацистичка Германија во 1945 година. Тој се смета за едно од најстрашните и најужасните случувања во човековата историја.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Експертско предупредување за креми за изгореници кои се продаваат на интернет- кочанската болница има услови за третман на повредените во пожарот, но нема кадар и материјали

Дејан Дејан

Тумановски: Секоја брза правда носи и голем број на недостатоци

Дејан Дејан

Промовирана првата директна авиолинија на Туркиш Ерлајнс, Истанбул – Охрид 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе