Вести Економија Топ вести

Истече рокот, утре Владата треба да даде мислење за солидарниот данок – ќе се враќаат ли 50 милиони евра кај фирмите

Уставниот суд од Владата утре треба да го добие мислењето за тоа што сметаат дека треба да се прави со Законот за солидарен данок, со кои оние кои добро заработија во време на криза, беа повеќе оданочени. Од Судот го чекаат мислењето, па потоа ќе носат одлука. Во игра се три опции.

Едната е да се укине, што би значело во идина да не може да се применува, ниту да се донесе идентичен закон. Втората опција е да се поништи, во овој случај државата ќе треба да ги врати парите од данокот. Третата е да се запре постапката, но ова како што соопштија на брифингот во уставниот суд пред извесно време се применува многу ретко.

На прашањето до Владата кое е нивното мислење за овој закон, одговорија дека се бара решение кое нема да да биде на штета на државата и на бизнисот, а кога ќе го утврдат мислењето ќе ја информираат јавноста.

Поранешната претседателка на Уставен суд, Добрила Кацарска е токму за опцијата да се запре постапката. Со ова таа не го поддржува мнозинството за да се води постапка и во издвоеното мислење објавено пред неколку дена, предлага дека единствената одлука на Судот сега ќе биде запирање, затоа што законот имал еднократна намена, завршил и не постои во правниот систем.

За овој закон до Уставниот суд беа поднесени повеќе иницијативи. Ставот на повеќето судии, разгледувајќи ги, е дека има елементи на нарушување на уставноста, бидејќи со данокот се повредува владеењето на правото, тој е ретроактивен, а ретроактивноста е забранета и лошо е толкувана директиванат на ЕУ на која се повикува овој закон.

Законот за солидарен данок се донесе во сепрември во 2023 година. Се оданочија околу 150 фирми. Тие платија дополнителен данок на државата и се собраа околу 50 милиони евра.

Кога се креираше законот, во време на претходната влада, се соопшти дека станува збор за еднократно решение во вонредни услови, а парите кои ќе се соберат ќе бидат за антикризни мерки и за најранливите категории во државава.

Според, послендите најави од Уставниот суд седницата на која ќе се расправа за уставноста на законот треба да се одржи на почетокот на февруари.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Еден леб го фактурирале по 136 денари на студентски домови – Ацевски откри дел од извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Ацевски: Побаравме благородни метали за дентални услуги да бидат преземени од болницата во Прилеп и да се стават во депото на државата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе