Вести Македонија

Андоновски: Одговорот треба да биде дискусија, а не протести и штрајк

Излезот треба да биде дискусија, а не првиот одговор на некое неразрешено барање на синдикатите да биде штрајк и протест, без да се разговара и да се пронајдат решенија, смета министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Во вечерашната Топ Тема на Телма, Андоновски осврнувајќи се на утрешниот предупредувачки штрајк порача дека решението може да се најде само преку дискусија помеѓу сите засегнати страни, наместо парцијално, секоја институција посебно.

Генералниот проблем е што дел од министерствата и дел од институциите потпишале колективни договори со поединечни закони и во изминатиот период успеале да ги подигнат платите на одредени вработени, додека администрацијата во министерствата генерално е оставена на истите плати од претходно. Оставено е секое министерство само да решава како ќе се справи, единственото министерство кое потпишало колективен договор пред изборите е Министерството за финансии. Тоа е генералниот проблем затоа што се носеле ад хок решенија, рече Андоновски.

Смета дека најдоброто решение е воведување на систем на плати.

Систем за плати, тоа е одговорот. Систем за плати во којшто луѓето со исти компенции, со иста сложеност на работното место, кои што работат на исто ниво треба да земаат иста плата, затоа што на друг начин ние немаме како да ги мотивираме вработените. Тие секогаш ќе гледаат да заминат некаде каде што има повисоки плати. Ние се доведуваме во ситуација како раководители на институциите да работиме едни против други кој најмногу може да избоксува за својата институција, не гледајќи дека со тоа правиме штета на институциите од кои што зависиме, рече Андоновски во Топ Тема на Телма.

Утре вработените во четири министерства преку бојкот ќе бараат 30 отсто зголемување на платите според колективните договори

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Македонија забрзува, наша обврска“ под ова мото ВМРО-ДПМНЕ одбележува 36 години постоење

Дејан Дејан

Уапсен е првиот офицер на хрватскиот катамаран кој се судри со едрилица и загинаа 4 лица

Дејан Дејан

Лекарите се борат за неговиот живот – метална конструкција од автобуска постојка падна врз 12-годишно дете во Младеновац

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе