Вести Македонија Најважни

ЕП гласа за извештајот за напредокот на Македонија

Европскиот парламент денеска во Стразбур треба да гласа за конечната верзија на извештајот за напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија, подготвен од известувачот Томас Вајц.

Истовремено ќе се гласа и за извештаите за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.

Во дебатата, Вајц порача дека Западен Балкан останува важен за Европската Унија и дека процесот на проширување треба да се забрза преку постепена интеграција, вклучително и пристап до единствениот европски пазар, роаминг и платежни системи.

Тој нагласи дека ЕУ треба да ја одржи мотивацијата на земјите кандидати.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос истакна дека земјите од Западен Балкан, како и Украина и Молдавија, се соочуваат со хибридни закани, и дека проширувањето останува процес базиран на заслуги без кратенки, со цел постепено приближување кон членство во Унијата.

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Во фокусот на вниманието е амандманот на Вајц со кој се предлага бришење на ставот што го споменува Вториот протокол од Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.

Доколку биде усвоен, протоколот повеќе нема да биде експлицитно наведен во текстот на резолуцијата.

Предлогот предизвика остри реакции во Софија, каде што се оценува како обид за релативизирање на обврските од билатералните договори.

Танжер: Да нема мешање во внатрешните прашања на Македонија

Португалскиот европратеник Антонио Танжер Кореја, известувач во сенка за Македонија, изјави дека Европската Унија не треба да се меша во внатрешниот политички систем на земјата, оценувајќи дека таквиот пристап би излегол надвор од Копенхашките критериуми.

Тој нагласи дека земјите од Западен Балкан порано биле поблиску до ЕУ и дека Унијата има дел од одговорноста за нивното оддалечување.

Според него, проширувањето треба да се темели на поддршка, а не на условувања што можат да се толкуваат како политичко наметнување.

Јотова имала „вознемирувачки сигнали“ дека еден од амандманите од нацрт-извештајот за Македонија може да не го помине филтерот на европратениците

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лекарите се борат за неговиот живот – метална конструкција од автобуска постојка падна врз 12-годишно дете во Младеновац

Дејан Дејан

Со ланчиња на врат се обиделе да прошверцуваат златен накит во вредност од 1 милион денари

Дејан Дејан

ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ да ја закаже јавната расправа за игри на среќа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе