Вести Македонија

„Македонија забрзува, наша обврска“ под ова мото ВМРО-ДПМНЕ одбележува 36 години постоење

Со мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 36 години постоење. По овој повод, на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе се одржи голем народен собир.

Собирот ќе почне во 20 часот, а партијата ги повикува сите членови, симпатизери, поддржувачи и граѓани, кои веруваат во напредокот, работата и љубовта кон татковината, да дојдат и заеднички да покажат дека Македонија има сила, енергија и народ што верува во својата иднина.

На настанот ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски.

– Пред 36 години беше создадена идеја што стана симбол на борбата за слободна, независна и достоинствена Македонија – идеја што ги обедини сите оние што веруваа дека оваа држава има право на сопствен пат, на сопствен глас и на сопствена иднина. Денес, 36 години подоцна, го одбележуваме патот што заедно го изодевме, сите предизвици што ги надминавме и сите победи што ги остваривме како народ. Во овие 36 години имавме и тешки моменти и големи искушенија. Имаше периоди кога требаше да се брани државата, кога требаше да се зачуваат националните интереси и кога требаше да се покаже карактер и истрајност. Државата кога беше одземена и требаше да стане повторно ваша. Секогаш кога било најтешко, силата доаѓала од народот. Од граѓаните, кои верувале во Македонија и кои никогаш не се откажале од неа – вели Мицкоски во видеопораката што ја објави на својот фејсбук-профил.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најстариот син на норвешката престолонаследничка Мете-Марит осуден на четири години затвор за силување

Дејан Дејан

В сабота јубилејно врачување на наградите „Книжевен жезол“ на Ристо Василевски и Роза Бојанова

Дејан Дејан

Приватен фонд од 300 милијарди долари ќе ја финансира реконструкцијата на Иран – први детали за мировниот договор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе