Вести Македонија Најважни

Бугарските европратеници со писмо го информираа Европарламентот за палење на дипломатските возила

Сите 17 бугарски европратеници испратија писмо до членови на Европскиот парламент, како и до водечките европски медиуми, а поврзано со палењето на двата автомобили пред Амбасадата на Бугарија во Скопје.

Во писмото го осудуваат инцидентот што за нив е подмолен напад и го опишуваат како „намерен чин на агресија, несомнено мотивиран од омраза, кој ги загрози животите и безбедноста на вработените во амбасадата на земја-членка на Европската Унија и нивните семејства“.

Настанот според нив е „поттикнат од постојана антибугарска реторика и систематска нормализација на говорот на омраза против Бугарите и Бугарија во медиумите и јавниот дискурс, вклучително и од претставници на властите“.

„Земјата, која се стреми кон членство во Европската Унија, мора безусловно да ја гарантира безбедноста на дипломатските мисии, да се спротивстави на јазикот на омраза и да демонстрира почит кон своите соседи не само со зборови, туку и со дела“, пишуваат во писмото.

Во однос на брзата реакцијата на македонските власти за притворање на осомничениот велат дека е за пофалба и ја поздравуваат осудата на чинот од страна на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

„И покрај ова, ги повикуваме Македонското собрание, претседателот и премиерот недвосмислено да го осудат овој чин на омраза, кој претставува сериозно кршење на Виенската конвенција“напишаа бугарските европратеници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Македонија забрзува, наша обврска“ под ова мото ВМРО-ДПМНЕ одбележува 36 години постоење

Дејан Дејан

Уапсен е првиот офицер на хрватскиот катамаран кој се судри со едрилица и загинаа 4 лица

Дејан Дејан

Лекарите се борат за неговиот живот – метална конструкција од автобуска постојка падна врз 12-годишно дете во Младеновац

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе