Првиот офицер на патничкиот хрватски катамаран „Крило Еклипс“ е уапсен и е осомничен дека го предзивикал судирот со едрилицата во која загинаа 4 лица. Несреќата се случи помеѓу Брач и островот Шолта. Едрилицата, долга околу 14 метри, потона на длабочина од 50 или 60 метри.
Од полицијата изјавија дека постои основано сомнение дека 33-годишникот сторил кривично дело против безбедноста во сообраќајот – загрозување на посебни видови сообраќај. По завршувањето на истрагата, најверојкатно ќе му биде одреден притвор.
