Вести Македонија Топ вести

Утре вработените во четири министерства преку бојкот ќе бараат 30 отсто зголемување на платите според колективните договори

Шест министерства и две државни институции утре почнуваат со најавените протести поради непотпишувањето на новите Колективни договори со кои ќе им следува 30 отсто додаток на плата. Вработените ќе протестираат по половина час а локацијата ќе се менува секој ден. Според најавите од УПОЗ во петок протестот ќе се одржи пред министерството за финансии.

Од УПОЗ се на став дека вработените во министерствата кои од утре почнуваат со протести, се дискриминирани во однос на нивните колеги од Службата за општи заеднички работи на Влада, Генералниот секретаријат, Министерството за здравство, образование, финансии кои ги добија 30-те отсто.

Од минатата недела, пак, вработените во Државното правобранителство се во штрајк, а причината е иста – Колективен договор и 30 отсто додаток на плата. Раководството на УПОЗ имало неколку контакти со државниот правобранител, но засега нема решение.

Од министерството за финансии соопштија дека во Буџетот за 2025 година се предвидени средства за исплата на сите стекнати права на вработени, согласно претходно потпишани колективни договори. Но, од УПОЗ велат дека барањето за мислење од финансии за новите колективни договори со кој е предвидено зголемувањето на додатокот на плата го поднеле пред да се изготви Буџетот за годинава, а одговор добиле откако државната каса била затворена.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сушата се  поголем ризик за земјоделството во Македонија, потребни итни мерки за адаптација на климатксите промени  

Дејан Дејан

Новиот владин состав ќе се дефинира викендов – Мицкоски претходно ќе се сретне со коалиционите партнери од ЗНАМ и од Вреди

Дејан Дејан

Нема реформи, нема напредок, Мицкоски ја оддалечува Македонија од ЕУ – СДСМ со реакција за нацрт-извештајот на ЕП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе