Вести Економија

ММФ: Следи стабилен глобален раст и постојан пад на инфлацијата во 2025

Меѓународниот монетарен фонд во очекување да ги објави прогнозите за глобалната економија најавива дека на 17ти јануари ќе биде соопштено дека во 2025 година не очекува стабилен глобален раст и континуирана дезинфлација.

Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева истакна дека американската економија работи подобро од очекуваното, но дека постои несигурност околу трговските политики на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Георгиева соошти дека инфлацијата во САД се приближува до целта на Федералните резерви и дека се очекува каматните стапки да останат повисоки подолго време.

Во октомври, ММФ ги зголеми прогнозите за раст во САД, Бразил и Британија, но ги намали за Кина, Јапонија и еврозоната, предупредувајќи на ризиците од нови трговски војни и геополитички конфликти.

Прогнозата за глобалниот раст за 2024 година останува 3,2%, а за 2025 година е намалена на 3,1%, што е под предпандемискиот тренд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Системот е-Даноци ќе се усовршува и оптимизира – платформата попладнево ќе биде во неколкучасовен прекин

Дејан Дејан

Блок 1 од РЕК Битола е привремено исклучен од мрежа

Дејан Дејан

Почина Александар Јовиќ – тажна вест на неколку часа пред првиот настап на Македонија на ракометното СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе