Вести Економија Топ вести

Светска банка препорачува зголемување на даноците и границата за пензионирање

Нов аларм до Владата за дупката во ПИОМ. По фискалниот совет и од Светска банка сметаат дека треба да се зголеми старосната граница за пензионирање, придонесот за пензиско, но и да се укине сегашниот модел по кој два пати во годината се прави корекција на примањата на највозрасната категорија граѓани. Според, прогнозите на банката ако нешто не се преземе, за неколку години бројот на пензионери ќе го надмине бројот на вработени. Во извештај,  дел од предлозите за намалување на дефицитот во фондот се потенцирани како точки на кои државата треба веднаш да им обрне внимание.

И од Фискалниот совет уште еднаш повторија – ако не се најдат средства за ПИОМ, ќе мора да се користат оние од буџетот. Тие го кажеле своето, сега е на ред Владата.

Од банката бараат и зголемување на ДДВ – то на 19 отсто,  на данокот на добивка на 10 проценти и зголемување на данокот на имот. Сметаат и дека треба да се укине повластената стапка за сите стоки, освен за основните производи, но и да се направат корекции и кај акцизата.

Од УЈП пак уверуваат дека даночните приходи можат да се зголемат и без да се прави корекција кај даноците.

Со новиот буџет за идната година над 800 милиони евра од државната каса ќе се префрлат во ПИОМ за да може да работи. И покрај укажувањата дека нешто мора да се преземе да се стабилизира фондот, од Владата за сега не планираат да ја зголемуваат старосната граница, ниту пак да се менува придонесот.

Од банката предлагаат и елиминирање на тендерите каде има само еден понудувач, укинување на субвенциите за тутун, ревидирање на позитивната листа, но сметаат и дека е потребно деполитизирање на јавниот сектор.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најуспешните држави на светот се оние кои се пријатели и соработуваат со сите – пораки од светскио Економски форум во Давос

Дејан Дејан

Убедете ја Украина да дозволи транзит на руски гас – Орбан бара од ЕУ да интервенира кај властите во Киев

Дејан Дејан

Патријархот на СПЦ, Порфириј во понеделник во Скопје по повод националниот празник на Србите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе