Uncategorized Вести Македонија

Оваа влада има политичка волја, силно и решително да тргне во долга, тешка и болна реформа во јавната администрација – Минчев во „Топ тема“

Последниот извештај на Европската комисија (ЕК) вели дека сме умерено подготвени во областа на реформи на јавната администрација и препораките во последните пет, 10 години се повторуваат. Меѓутоа, значајно да се нагласи дека препораките се буквално пресликани од минатата година за оваа година што се однесува на пакетот на закони кои што треба да се донесат за почеток на реформите во јавната администрација, истакна Горан Минчев, министер за јавна администрација во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Прво е важно да се нагласи дека со измените во законот за организација, работа на органите на државната управа се формираше ново министерство кое произлезе од министерството за информатичко општество и администрација. Значи, нов правен субјект, тоа е министерството за јавна администрација. Тоа е првиот показател дека оваа влада е фокусирана и на реформи во јавната администрација и дека има силна политичка волја, многу силно, многу решително да тргне во една долга, тешка и болна реформа во јавната администрација“, рече Минчев.

Како министерство, вели тој, се повлечени три закони од собраниска процедура и тоа, како што додаде, е направено од две причини.

„Прво, затоа што постои правен субјект, а тоа е министерството за јавна администрација и како носител на тие три клучни закони се јавува министерството за јавна администрација. Втората причина е посериозна и се однесува на сите укажувања во извештајот на Европската комисија, а тоа е да направиме подобри, посистемски, поквалитетни закони кои ќе имаат поголем опфат. Во рамки на таа идеја, министерството за јавна администрација го смени и пристапот кон правење на овие закони. Ако минатата владата ги правеше овие закони во рамки на владините простории, ние овој процес го сменивме, односно комплетно го отворивме. Кога велат го отворивме, мислам на вклучување на сите заинтересирани страни кои што можат да дадат придонес, со цел да се добијат закони кои што ќе бидат квалитетни, системски, кои што ќе овозможат реформа во јавната администрација, но да потенцирам. Јас ги класифицирам овие закони како почеток на реформите во јавната администрација“, нагласи Минчев.

Реформата во јавната администрација, потенцира Минчев, е долг процес, тежок и тој не може да се заврши преку ноќ, ниту пак во еден месец, во една година. Тоа е процес кој трае во континуитет, вели Минчев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За случаите со Бојан Христовски и Дрин Ахмети, обвинителството чека меѓународна правна помош – за Артан Груби истражуваат

Дејан Дејан

Расте бројот на заразени со грип, но во рамки на очекуваното за овој период од годината

Дејан Дејан

Бизнис секторот бара Уставен да го поништи солидарниот данок и парите да им се вратат на компаниите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе