Вести Култура

Денес премиера на театарската претстава „Глад“, во режија на Хана Миленковска и продукција на Атриум

Во Младинскиот културен центар во Скопје денеска ќе се одржи премиерната изведба на театарската претстава „Глад“, во режија на Хана Миленковска и продукција на Атриум.

Авторскиот тим состоен од режисерката Хана Миленковска, драматургот Калија Киселички и композиторот Ади Имери, како што стои во соопштението, ја поставува драмата што се бави со ненаситноста и гладта, од емоционална и физичка гледна точка. Делото се стреми да посочи дека циклусот на гладта не е изолиран, туку дека всушност претставува една вечна борба на човекот и колективите.

Актерите Лео Поповиќ, Дениз Ајдаревиќ, Марко Младеновиќ, Филип Миленкоски и Димитар Паскоски ќе претстават микрокосмос од сложени човечки емоции и односи, во мноштво од контексти, кои на драмско-музички основ ќе ги доближат позициите на (над)моќ, страдание, заедништво и борбена истрајност во еден свет во кој изобилието го уживаат малкумина, додека пак, гладта непрестајно владее. Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија и ЕВН.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кос: Северна Македонија треба да го промени Уставот за да напредува во пристапувањето кон ЕУ

Дејан Дејан

Која е втората истрага за тајните служби во Македонија

Дејан Дејан

Македонија ќе бара помош од САД во поглед на евроинтеграциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе