Вести Култура

Во Пустец одржан „Фестивал на поезијата – мост на поврзување меѓу Македонија и Албанија”

Во Пустец денеска одржана е манифестацијата  „Фестивал на поезијата – мост на поврзување меѓу Македонија и Албанија”.

„Овој значаен  настан, кој  се одржа во дворот на гимназијата „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колефски“ во Пустец, ги обедини младите љубители на литературата од Македонија и Албанија. Учениците и наставниците од гимназијата од Пустец, гимназијата „Цар Самоил“ од Ресен, како и студенти и професори од Универзитетот „Фан Ноли“ од Корча, заедно ја славеа поезијата“, објави Васил Стерјовски.

Додава дека презентирајќи творби од познати македонски и албански поети создадоа магична атмосфера, која ја истакна моќта на литературата да сплотува, инспирира и да гради мостови на пријателство.

„Културата, литературата и поезијата продолжуваат да бидат нашата заедничка нишка – поврзување меѓу младите, градење нови пријателства и продлабочување на соработката меѓу двата народа“, посочува Стерјовски, кој е професор на универзитетот во Корча.

Според него, заедничка порака била да го негуваат духот на поезијата и да создаваат повеќе вакви незаборавни моменти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Со наградите за животно дело – започна 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе