Uncategorized Култура

Завршена јавната набавка за санација на платото пред МОБ за да не тече во просториите на Националниот џез оркестар

Министерството за култура спроведе тендер за избор на изведувач, откако беше констатирано протекување дожд од платото пред Македонската опера и балет во просторот од поранешна „ Килимара“, во кој претходната власт го смести Националниот џез оркестар. Според директорот на џез оркестарот, Гоце Стевковски, јавната набавка за санација е завршена и се очекува во најскоро време да започне поправката на кровот, на просторот од над 470 метри квадратни, чија реконструкција почна во март, а за неа беа обезбедени над 160 илјади евра од ТАВ програмата. Најдоцна во јуни следната година активностите околу реконструкцијата се очекува да бидат завршени, кажа  Стевковски. Според него, првата фаза од реконструкција е завршена , но уште има работа .

  • Првата фаза е завршена. Поставена е електрична инсталација, водовод, одвод, санитарии, има дотур на ладење и греење.  Така што тоа е. Остануваат уште акустричните панели, за да биде опремено, за да може да функционираме со проби и со снимање, евентуално. Моја лична прогноза е, значи немам информации до кога ќе биде готово. Меѓутоа , се надеваме дека ќе биде во мај или јуни, како и лани, рече Гоце Стевковски , директор на Националниот џез оркестар.
  • Направиле обратен процес. Значи, се работело внатре , но не го заштитиле горниот дел од плочата. Бидејќи внатре веќе се работи, ни беше страв дека можеби ќе се случи некое посериозно протекување, распишавме јавна набавка за поправка на платото, на површината на кровот. Таа е завршена и денеска го потпишувам договорот и веќе почнуваме со работа таму, кажа Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Благоја Чоревски: 90% од нашата администрација е неука

Дејан Дејан

Телевизија Телма во посета на „Unifrance Rendez-Vous“ во Париз еден од најголемите светски пазари посветени на француската кинематографија и аудиовизуелните дела

Дејан Дејан

Тамара Ристоска избрана да учествува на програмата за таленти на Берлинале

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе