Култура

За санација на објектот на МНТ ќе требаат години

За поправка на оштетувањата на објектот на Македонскиот народен театар од протекувања дожд и од  поплави, ќе требаат години. Ова го кажа министерот за култура и туризам, Љутков, при денешната обиколка на објектот на театарот , заедно со в.д. директорот Никола Кимовски. Причините поради кои оштетувањата на екстериерот и ентериерот на театарот не се санирани, Кимовски и Љутков ги адресираа на негрижата и на отсуството инвестиции од претходната власт, а министерот најави дека за тоа поединци ќе бидат повикани на одговорност. В.д. директорот рече дека е нехумано и небезбедно многубројната публика да престојува во таков објект.

  • Негрижа во однос на нашата верна публика, која ја имаме секоја вечер во голем број, во нашиот театар. И навистина е нехумано и небезбедно да влегуваат во објект кој што се распаѓа. Доколку секоја година барем помалку  се инвестирало, да речеме од левиот балкон, од десната тераса , да се поправат светлата, значи систематски да се работи, за самиот објект говорам, ние сега би биле во поинаков објект, рече Никола Кимовски, в.д. директор на МНТ.
  • Систематски година по година, од 2017 година па наваму, продукциски се уништувала и инвестициски се уништувала институцијата. И не може сега да се очекува од нас дека во рок од шест месеци ќе можеме да направиме некаво чудо. Но, јас ветувам дека од година во година и во делот на инвестициите , и во делот на програмите, и со менаџери како што ги имаме денес, и како што рече директорот , ќе го разбудиме заспаниот џин, легнат покрај реката Вардар, кажа Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопје се градело со грижа за граѓаните, а денес ја изгуби урбанистичката целина

Дејан Дејан

(Видео) Со „Виорот на Анадолија“ во НОБ, почна балканската турнеја на турските уметници Асу и Шалиел

Дејан Дејан

Еден филџан кафе има атер за 40 години – одбележан Денот на турското кафе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе