Вести Култура

Промовирани книгите „Книжевноста низ критичката визура“ од Ана Мартиноска и „Уметноста на дијалогот“ на Ана Јовковска

На Институтот за македонска литература беа промовирани книгите „Книжевноста низ критичката визура“ од Ана Мартиноска и „Уметноста на дијалогот“ од Ана Јовковска. Мартиноска во својата книга, пишувана како духовно спасение во време на корона кризата, прави критичка анализа на дела од македонски и европски писатели од последната декада, за кои смета дека се најдобри. А, пак, Јовковска во нејзината книга поместила интервјуа со домашни писатели, направени по повод нивни нови објави. Двете книги ја истакнуваат ангажираноста да се зборува за деликатни прашања од стварноста, кажа промоторот, Гоце Смилевски.

„И двете авторки имаат една извонредна задача пред самите себе поставено. И која апсолутно ја исполнуваат, можеме да кажеме со големо задоволство . А, тоа е да се детектира ангажираноста на овие дела , во однос на времето кое го живееме“, изјави Гоце Смилевски, промотор на книгите.

„Во неа направив една интимна листа на омилена литература. Тоа се главно дела кои отвораат нови страници на македонската литература и храбро пишуваат за некои нови теми кои ја сензибилизираат јавноста за нов тип ангажирано писмо. И ја разбрануваат конзервативната матрица и каноните“, рече Ана Мартиноска, авторка на книгата „Книжевноста низ критичката визура“.

„Не шетаат низ општеството на спектакал, низ идеолошките затвори, низ книжевните борби, постколонијалниот свет, низ културолошките теории. За да стигнеме до прашањата како што се клаустрофобијата на духот, поданичкиот менталитет, уметничката манипулација, технолошкиот кафез, па дури и еколошката криза, денес“, изјава Ана Јовковска, авторка на книгата „Уметноста на дијалогот“.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе