Uncategorized

Над 75 милиони Американци веќе го искористија правото за рано гласање

Над 75 милиони Американци досега веќе го дадоа својот глас на претседателските избори во САД, користејќи го правото за рано гласање. Оваа бројка претставува нешто над 48 отсто од вкупниот број гласачи кои гласале на претседателските избори во САД во 2020 година, кога вкупно гласаа 154,6 милиони, објави американскиот портал Аксиос.

Во американската сојузна држава Џорџија, веќе гласале над четири милиони гласачи, што е речиси 80 отсто од вкупниот број гласачи во таа држава на претседателските избори во 2020 година, според податоците од лабораторијата за избори на Универзитетот на Флорида.

На раното гласање во американската држава Северна Каролина, досега правото го искористиле над 4,4 милиони гласачи, што е 80 отсто од вкупниот број гласачи во таа држава на изборите во 2020 година.

Околу 100 милиони луѓе гласале на предвреме на изборите во 2020 година во САД, било лично или по пошта.

Претседателските избори во САД се закажани за 5 ноември, а кандидати се поранешниот американски претседател, републиканецот Доналд Трамп, и потпретседателката на САД од редовите на демократите, Камала Харис.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема (6.12.2024) Три закони кои треба да ја реформираат јавната администрација – Итервју со Горан Минчев

Дејан Дејан

Оваа влада има политичка волја, силно и решително да тргне во долга, тешка и болна реформа во јавната администрација – Минчев во „Топ тема“

Дејан Дејан

Биткоинтот стигна до вртоглави 100.000 долари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе