Uncategorized Вести Свет

(ВИДЕО) “Напад” со јајца и јогурт кон грчкиот европратеник Белери во Тирана

Пратеникот во Европскиот парламент, Фреди Белери кој беше градоначалник на јужната албанска општина Химара утрово беше гаѓан со јогурт и јајца додека излегуваше од албанскиот парламент во Тирана.

Белери според медиумите од Албанија бил гаѓан од активистот, Дилавер Нел, обвинувајќи го дека е одговорен за вооружениот напад врз албанската воена база во 1994 година, кога биле убиени двајца албански војници.

Белери беше дел од делегацијата на ЕП која е во посета на Албанија. МНР на Грција реагираше со осуда на нападот со јогурт и јајца врз Белери, кој претходно беше суден за корупција и иако повторно победи на локалните избори не успеа да положи заклетва по што ја изгуби функцијата.

Денеска Белери одржа прес конференција во Тирана и само на грчки јазик при што го обвини албанскиот премиер Еди Рама дека ги мрази Грците и дека ако Албанија не ги почитува европските стандарди за малцински права ќе има застој во албанскиот пат кон ЕУ членство.

Белери тврдеше дека невин и без докази бил држен во затвпр со месеци.

Владеачката грчка партија “Нова демократија” го кандидираше Белери за пратеник на европските озбори и тој беше избран додека беше во затвор во Албанија.

Во продолжение, видеото од денешниот инцидент.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерц и Макрон со порака: Западен Балкан е иднината на Европската Унија

Tea Dimkovska

Пленковиќ откри што бара Хрватска од црногорските власти пред да станат членки на Унијата

Дејан Дејан

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Временска прогноза за 6.6.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе