Uncategorized Вести Култура Македонија

Изложба „Кое е твоето чудо“ со 19 стрипови во КСП центар јадро

Стрип изложбата со наслов „Кое е твоето чудо“ е само уште една потврда дека постојат мултимедијални начини низ уметноста да биде загатната темата за родовата еднаквост. Секој стрип носи своја приказна низ која ја промислува родовата еднаквост. За мене самиот креативен процес беше голем предизвик, вели Магдалена Марјановиќ, која заедно со Душица Димитровска го делат првото место.

„Душата си ја извадив за да го направам ова. Го цртав стрипот до последниот момент, под голем притисок и многу долго ја смислував приказната и за мене е важна тема, многу лична“, вели Магдалена Марјановиќ.

Во сиот овој процес, многу е важна меѓугенерациската солидарност, вели Миленковска.

„Особено стрипот сметам дека може да биде многу субверзивен и многу директно да ни прикаже всушност кои се чувствата, предизвиците, кое е секојдневието кое сите ние го живееме како жени, девојки во нашето општество, но воедно да ни даде и увид во тоа кои се идеите за тоа како може да се градиме како подобри личности, но и увид колку прекрасен ум имаат младите луѓе. И морам да признаам дека многу ми е мило што не сум дел од жирито, затоа што имаа тешка одлука да одлучат кој е во првите три четири топ места“, изјави Сара Миленковска од мрежа СТЕЛА.

Стрип изложбата „Кое е твоето чудо“ не е само празник на креативноста на уметнициту, туку во исто време и можност да се проговори за родовата еднаквост, забележа Ендру Бранд, претставник на Британската амбасада во Скопје. И токму уметноста ја има моќта да го направи светот подобро место за живеење.

Второто место и припадна на Ангела Петрушевска, додека третото место на Јана Марковиќ.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Артан Груби и Енвер Беџети на црната листа на Стејт департментот

Дејан Дејан

Ахмети побара од Уставниот суд да ги отфрли иницијативите за Законот за јазици

Дејан Дејан

Уставен суд нема да ги коментира медиумските објави и апелира на воздржаност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе