Uncategorized Вести Македонија

Препукувањата на релација Општина-Влада ги остави основците од Карпош без парно

Грејната сезона од денеска започна, но не за сите. Препукувањата на релација Карпош- Влада ги остави без греење основците од оваа скопска општина. Градоначалникот и министерката за образование со контра тврдења. Јакимовски бара исплата на долг , Јаневска тврди исплатени се сите блок дотации кои се за Општините.

„Очекувам сите училишта да имаат греење затоа што не е возможно без греење да се учи, така што верувам дека градоначалникот, кој е многу способен, ќе најде начин да ги затопли училиштата. Во другите општини не сум слушнала дека има проблем“, вели Весна Јаневска министерка за образование и наука.

 

„Министерката вика да се снајде градоначалникот еве се снаоѓаме. Значи место да почне денеска грејната сезона ја одлагаме грејната сезона да се снаоѓаме. А што се однесува до менаџирање на парите еве јавно ја повикувам да ме викне на часови да ме учи како треба да ги изменаџирам парите. Како поинаку, кога ќе ни ги прати парите како да ги оплодиме да се зголемат на училиштата за да бидат доволно, веројатно она знае некоја метода или негде завршила образование да ни каже како да менаџираме“, вели Стевчо Јакимовски градоначалник на општина Карпош.

Од ЕСМ пак преу соопштение објансуваат дека во стартот на грејната сезона без греење се 96 објекти. Проблем кај нив се внатрешните инсталации за кои се одговорни куќните совети.

Во 57 објекти има дефекти во внатрешната инсталација, во 20 објекти нема пристап до топлинските станици, а во 19 објекти топлинските станици немаат електрично напојување“, велат од ЕСМ.

Но она што е интересно е дека и оваа грејна сезона почна без новиот топловод под мостот Беласица, преку кој се испорачува топлина по подобри услови. Од ЕСМ претходно соопштија дека почнале со поставувањето, а пред регулаторите дадоа ветување деќа ќе биде ставен во функција во текот на грејната сезона.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Агелер за ставањето на Груби и Беџети на црната листа на САД: Политичкото мешање во судството не смее да се толерира

Дејан Дејан

Артан Груби и Енвер Беџети на црната листа на Стејт департментот – земале мито за судските процеси на Сашо Мијалков

Дејан Дејан

Ахмети побара од Уставниот суд да ги отфрли иницијативите за Законот за јазици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе