Вести Култура Македонија

Оваа година „Макфест“ ќе се одржи на 25 и 26 октомври

Фестивалот на забавна музика „Макфест“ годинава ќе се одржи на 25 и 26 октомври. Годинава како  новитет, изведувачите ќе бидат придружувани од оркестар составен од 15 музичари.

„Оваа година ќе се реализира на 25 и 26 октомври, ќе биде во Домот на културата Ацо Шопов Штип. Новина оваа година е дека освен изведбата во живо, изведувачите ќе бидат пратени од мини оркестар кој ќе биде составен од 15 музичари. Сите организациски и технички припреми за фестивалот се завршени, изјави Александар Арсовски организатор од Општина Штип.

Тој посочи дека на фестивалот ќе се престават 26 изведувачи меѓу кои и позната македонска пејачка, Елена Ристевска. Единствена награда која ќе се додели ќе биде за најслушана песна меѓу двата фестивали.

„Единствена награда која ќе се додели оваа година ќе биде наградата за најслушана композиција во прериодот меѓу двата фестивали. Други награди не се предвидени. Можам да кажам дека интересот од година во година на изведувачите за учество на фестивалот се зголемува“, рече Арсовски.

„Макфест“ е Фестивал на забавна музика кој традиционално се одржува секоја година во Штип, а финансиска поддршка ја обезбедува Општина Штип.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе