Нов напад врз трговски брод во Црвеното Море, сомневањата се дека го извршиле јеменските бунтовници Хути. Инцидентот дополнително ја зголеми загриженоста за поморската безбедност во тој клучен правец за глобалната трговија.
Според Центарот за поморски трговски операции на Обединетото Кралство, брод што пловел покрај брегот на источна Африка бил оштетен откако бил погоден од проектил, но во нападот нема повредени и не бил предизвикан пожар на пловилото.
Врз бродот биле истрелани уште најмалку два проектили но тие паднале во негова непосредна близина. Бродот пловел недалеку од Ходеида, пристаниште контролирано од Хутите.