Одбојка Спорт

Струмица предводена од Ѓорѓиев го совлада Капошвар во ЦЕВ Купот

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица славеше победа од максимални 3-0 против Фино Капошвар во рамки на првиот натпревар од првата нокаут рунда во ЦЕВ Купот. Новото засилување за струмичани, капитенот на националниот тим Никола Ѓорѓиев на своето деби уште еднаш го покажа својот квалитет.

Новите репрезентативни засилувања донесоа квалитет, а тоа веднаш се покажа вечерва на теренот во салата „Парк“ во Струмица. Македонскиот првак славеше во три сета и тоа со 25-19, 25-23 и 25-19. Победата можеше да биде извојувана со далеку поголема разлика во третиот сет, бидејќи струмичани имаа водство од 22-12.

Никола Ѓорѓиев со 18 поени беше најефикасен играч на натпреварот. Реваншот е во Унгарија за осум дена, а доколку струмичани успеат да го елиминираат Капошвар во втората рунда од ЦЕВ Купот ќе се соочат со турскиот Галатасарај.

За потсетување, нашиот тим ја почна европската одисија во Лигата на шампиони, но во првото квалификациско коло загуби два пати по 3-0 од Олимпијакос.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе