Фудбалската репрезентација на Аргентина ја совлада Австрија со 2:0 во второто коло во група Ј на Светското првенство и го завери пласманот во нокаут фазата на турнирот чии коорганизатори се САД, Канада и Мексико.
Централна фигура вои натпреварот во Тексас беше Лионел Меси кој беше двоен стрелец во триумфот на „гаучосите“. Откако во деветтата минута промашпи пенал, првиот погодок го постигна во 39-та минута, печат на трите бода за Аргентина стави во петтата минута од судиското надополнување.
Со тоа, Меси стана најдобар стрелец на тековниот шампионат со пет гола, а изби и на вечната листа на голгетери на мундијалите со 17 погодоци, надминувајќи го досегашниот рекордер Мирослав Клосе (16). Трет е Бразилецот Роналдо со 15, Герд Милер и Килијан Мбапе имаат по 14 на четвртата, односно петтата позиција.
